Вооружен грабеж во скопска аптека

Вчера во 19 часот и 40 минути во аптека на улица  „Московска“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво врз вработените.

Сторителите со закана со пиштол од касата ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.10.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега