Изгоре пекарата на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски

Утринава во 9 часот изутринава избувнал пожар во пекарата „Кендо“ во населбата ѓорче Петров.

За среќа во пожарот нема повредени лица, а во негово гаснење учествувале повеќе пожарникарни возила.

 

Огнот од пекарата го зафатил и покривот на куќата. Неофицијално соседите велат дека пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.

Семејната куќа и пекарата се во сопственост на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Владо Мисајловски.

 

 

 

03.10.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега