Седум лица повредени во сообраќајни незгоди во Скопје

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум е причинета само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои пет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, како и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 73 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 22 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 73 возила.

По повод одбележувањето на „Недела на детето“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот со децата од средна и голема група во детската градинка „11 Октомври“, објект „Чаир“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.

Со почеток во 20:45 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и ППД Загреб од Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и преансочување на сообраќајот. 

 

 

 

03.10.2017 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега