Милошоски: Зошто Заев одби Уставниот суд да се произнесе за уставноста на постапките од 24. декември?

Пратеникот на владејачката ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски на “Твитер“ изрази зачуденост од постапката на претседателот СДСМ Зоран Заев кој го одбил предлогот на ВМРО ДПМНЕ - Уставниот суд да се произнесе за настаните од 24. декември.

-Зачудува зошто Заев го одбил предлогот на ВМРО ДПМНЕ за (не)уставноста на постапките од 24.Декември да се произнесе Уставниот Суд, пишува Милошоски на Твитер.

СДСМ вчера ги одби двата предлога на ВМРО ДПМНЕ – да се распишат предвремени избори или да се донесе извештај со правни квалификации предложени од Социјалдемократите, за кој не би гласале членовите на комисијата од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ одбија избори и извештај без потпис на членовите од ВМРО ДПМНЕ. Премиерот Груевски вчера вечер одржа прес-конференција, на која истакна дека во интерес на државата, членовите од ВМРО ДПМНЕ ќе изгласаат извештај каков што сака СДСМ, но нема да ги прифатат заклучоците.

 

26.08.2013 - 11:52
Фото: 
Канал 5

најчитано сега