Излегол додека сите спиеле и никогаш не се вратил - полицијата трага по исчезнат кавадарчанец

Во саботата исчезнал 72 годишниот Ѓорѓи Јанков од Кавадарци, алармираа денеска неговите најблиски.

Тој излегол од дома рано наутро додека другите спиеле и се уште не се вратил дома.

- Ги молиме сите сограѓани кои можеби го имаат видено да се јават во полиција или на телефонскиот број 071-522-406. Кога излегол од дома на себе носел жолта кошула и бело капче. Пребаравме насекаде каде што вообичаено се движеше но без успех, велат неговите најблиски.

Кавадаречката полиција го потврдува исчезнувањето и интензивно трага по кавадарчанецот.

26.08.2013 - 11:48

најчитано сега