Павлопулос: Соработка за зацврствување на мирот и безбедноста на Балканот

 

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во интервју  за Политика вели дека сака продолжување на соработката за зацврствување на мирот, безбедноста и на доследно спроведување на меѓународното право на Балканот.

Тој испрати порака до соседите дека пријателството и добрососедските односи зависат само од искреното исполнување на обврските. 

- Кога станува збор за Македонија јасно е дека се додека таа инсистира на користење на името кое 'освен што е предизвикувачко фалсификување на историјата, повлекува со себе и иредентизам', сама ја поткопува својата европска перспектива, нагласува Павлопулос.

Слична е и пораката од Грција до Албанија. 

– Кога се прават дела спротивни на европските правила, како што е неодамнешното сурово кршење на основните човекови права и особено правата на имот,  нашиот сосед ја поткопува својата европска перспектива, нагласи Павлопулос.

Весникот додава дека тоа се однесува за уривање куќи на припадници на грчко малцинство.

 

 

 

02.10.2017 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега