Пандев асистираше за два гола на Наполи

 

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше асистент за два гола на својата екипа Наполи во победата над Болоња во 1. коло од новиот шампионат на Италија.

Наполи на стартот на домашен терен славеше победа од 3:0 (најубедлива во колото). Пандев беше асистент на првиот гол, го постигна Каљехон (32.минута) и на третиот гол стрелец беше Марек Хамшик (63.минута). Во 67. минута тренерот Рафаел Бенитез го замени Пандев. Инаку, стрелец на вториот гол во 45. минута беше Хамшик.

На другите натпревари од стартното коло беа постигнати следните резултати: Каљари - Аталанта 2:1, Лацио - Удинезе 2:1, Ливорно - Рома 0:2, Парма - Киево 0:0, Торино - Сасуоло 2:0, Интер - Џенова 2:0, Сампдорија - Јувентус 0:1 и Верона - Милан 2:1.

Вечерва се игра последниот натпревар Фиорентина - Катанија. 

26.08.2013 - 08:44

најчитано сега