Бесими работно ќе ја прошета Хрватска

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе отпатува во официјална работна посета на Република Хрватска.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Бесими ќе се сретне со заменик претседателот и министер за надворешни и европски работи на Хрватска, Весна Пусич  и со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. Бесими, како што е најавено, ќе биде примен и од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

На средбите се очекува, како резултат на традицијата на добри меѓусебни односи и соработката во многу области, да се потврди континуираната поддршка на Република Хрватска за членството на Република Македонија во ЕУ, како и во поглед на препораката од Европската Комисија за отпочнување преговори со Европската унија. 

26.08.2013 - 08:25

најчитано сега