Нема гужва на патиштата и границите во Македонија

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во моментов се одвива по суви коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

На патниот правец Маврово- Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот/Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.

На патниот правец Гостивар-Охрид-Гостивар од 1 јули 2013 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: Петок од 15.00-24.00 часот, сабота и недела 07.00-24.00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 г.

Се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07.2013 до 31.08.2013 Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

26.08.2013 - 08:11

најчитано сега