Ракометната елита вечерва се разигра со Жаре Бербер - еве што се случува на свадбата на Будимир и Јохан во Колосеум

 

Ракометната елита вечерва се собра во летниот клуб Колосеум. Како што дознаваме, свадбата на екс ракометарката Андријана Будимир и скопскиот угостител Јохан, која се одржува во Колосеум, прераснала во голема забава која ги размрдала ракометарите.

Според информациите до кои стигнавме, кум на свадбата е познатиот македонски ракометар Наумче Мојсоски, а за старосватица, Будимир ја избрала поранешната ракометарка Мими Чупиќ. Меѓу гостите на големата свадба во Колосеум се и македонските ракометари Филип Миркуловски, Ванчо Димовски и Стевче Алушевски, кои на свадбата се забавуваат заедно со своите сопруги, како и Дејан Манасков, Ацо Јоновски, Наталија Малахова, Валентина Радуловиќ и Милена Велкова.

Будимир одлучила оваа посебна вечер да ја помине и со своите колеги од шоуто „Танц со ѕвездите“, па на свадбата во Колосеум се журкаат и Тони Михајловски, Александар Белов...

Според нашите информации, гостите ги забавува Жаре Берберот.

Б.А.

25.08.2013 - 23:13

најчитано сега