ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Крива Паланка ги препознаа манипулациите и лагите на СДС
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Борјанчо Мицевски повторно со лажни изјави се обидува да ги манипулира граѓаните на општина Крива Паланка. Тие велат дека жителите од овој крај добро се сеќаваат на лажните ветувања на СДС од минатото кои никогаш не се исполнија.
-Мицевски како и неговиот лидер Зоран Заев лаже дека парите се враќале кај граѓаните. За четири месеци владеење СДС потрошија 420 милиони евра од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, а за прв пат после подолг период успеаја да ја намалат и просечната плата на граѓаните на Република Македонија. Условите за инвестирање со кои Мицевски се пофали всушност вршат дискриминација на големите компании и не само што ги одвратија потенцијалните инвеститори туку ги натераа странските инвеститори да почнат да размислуваат да ја напуштат државата и со тоа 25.000 граѓани да останат без работа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека Мицевски ветува подобри услови за бизнисмените, а неговата партија СДС донесе пад на индустриското производство и пад на извозот со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.
-Ветува подобри услови за младите, а СДС во 4 месеци не реализираа нити еден проект кој ќе донесе добро за нив, иако им ветува брда и долини. Граѓаните на општина Крива Паланка ги препознаа манипулациите и лагите на СДС. Тие веќе ги чувствуваат лошите политики на расипничката влада на СДС. На 15-ти октомври нема да дозволат СДС да ја уништи нивната општина и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нудат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа