Танјуг: Заев мака мачи со Црвенковски чија цел е блокада на партијата и државата

 

Премиерот на Република Македонија, Никола Грувски, денес ја повика опозицијата да престане со кршење на Уставот и блокирање на државните институции, што го загрозува добивањето на датум за преговори со ЕУ, кои се очекуваат во октомври, или ќе распише вонредни избори, пишува српската агенција Танјуг

Ова е интегралниот текст

„Тој рече дека доколку овој апел не успее, ќе закаже предвремени избори за 13 октомври, што е последна недела пред европскиот извештај од кој Македонија очекува датум за почеток на преговори со ЕУ.

На ваков чекор македонскиот реформатор се одлучи затоа што опозицијата веќе со месеци ја блокира работата на комисијата која треба да ги расветли инцидентите од 24 декември минатата година во Парламентот и пред Собранието.

Тој ден опозициската партија СДСМ се обиде насилно да ја преземе власта со упаѓање во Парламентот, што беше спречено од полицијата, а пред зградата на Собранието се собраа околу 3.000 нивни симпатизери. Како старото, така и новото раководство на СДСМ, иако има мнозинство во комисијата, не се сложува со нејзините заклучоци кои сами ги предложила, за тоа што точно се случи во Собранието и пред него.

Оценувајќи дека нивната цел е блокирање на меѓународната интеграција на државата, Груевски со денешната изјава по трет пат „ја фрли ракавицата“ пред опозицијата и ја повика на предвремени избори.

На друга страна, новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, мака мачи да воспостави власт во партијата, во која доминира поддршката на претходниот претседател Црвенковски, чија идеја е целокупна блокада која СДСМ ја спроведува во партијата и во државата.

Заев се обиде да ги убеди своите членови да гласаат во Комисијата, но тоа не му тргна од рака, а исто така рече и дека СДСМ нема да учествува на „криминални избори“.

25.08.2013 - 12:57

најчитано сега