Штипјанец падна од мост во провалија - лекарите се борат да го спасат
Околу 22 часот и 20 минути синоќа, било пријавено дека 66-годишниот А.Д. од Штип додека се прекачувал преку банкината на мост на реката Брегалница без да забележи дека било провалија паднал од мостот од висина од околу седум метри.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Клиничката Болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил во животна опасност по што бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Штип.
17.09.2017 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа