Страшна сообраќајка ја разбуди Македонија - возачот почина на лице место, тројца повредени
Во 04 часот и 30 минути утривава на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Српци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од 42-годишниот А.Р. од Охрид и патничко возило “Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од 25-годишниот Т.К. од Скопје.
Во незгодата возачот на “БМВ“ починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила 36-годишната Р.С. од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото, 41-годишниот Е.С. од Охрид се здобил со телесни повреди.
Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на “Киа соренто“, Т.К. Повредените биле пренесени во КБ-Битола за укажување на лекарска помош.
Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа