Миладинов: Доколку новата влада не ја стопира за 2,5 години најголемите градови ќе бидат гасифицирани

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се еден од начините на кои најбројната партија е во постојан контакт со граѓаните. На денешната трибина се Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ говореше за енергетскиот развој на Македонија. Модератор на денешната дискусија беше Камелија Спасова.

Крсте Миладинов, кажа дека на денешната трибина своето место мора да го најде и гасот. Тој кажа дека Македонија мора да има производство од 20 проценти преку алтернативни извори на енергија, сепак тој кажа дека останува дел од енергијата кој мора да се набави од негде, бидејќи изворите на енергија во Македонија се релативно ограничени.

 

-Може да избираме помеѓу внес на електрична енергија, на мазут, нафта и други деривати. Но, сепак како едно од најповолните и најисплатливи деривати во овој момент и во наредните 20 до 30 години е природниот гас. Прво тој е еколошки чист, се нарекува и сино гориво, тоа значи дека загадувањето е сведено на минимално ниво, односно до нула. Без разлика што не е алтернативен извор на енергија, според високите еколошки стандарди кои ќе бидат наметнати во наредните 10 до 20 години, природниот гас го наоѓа своето место, изјави Миладинов.

Тој кажа дека 15 години била стопирана гасификацијата на Македонија, потрошувачката била намалена на мининмални 10 проценти, поради тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи проект за гасификација на Македонија.

-Од овие големи проекти веќе се опфатени изградба на 270 километри магистрален гасовод, доколку непречено се одвива изградбата би требало во наредните 2 и пол години да се гасифицирани најголемите градови во Македонија, изјави Миладинов.

 

 

 

 

13.09.2017 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега