Инстаграм со нова опција- се работи на поблиска поврзаност со Фејсбук

 Инстаграм ја тестира можноста корисниците истовремено да ги ојбавуваат своите објави и на оваа платформа и на Фејсбук.

Со оваа поблиска поврзаност на социјалните мрежи, се чини, Фејсбук сака популарноста на опцијата „Сторис“ да ја префрли и на својата главна платформа.

Некои корисници ја забележаа веќе опцијата за објавите на инстаграм да се префрлат и на Фејсбук. Инстаграм ги потврди тие наводи, без натамошни подробности.

- Секогаш тестираме разни начини за помош, со кои би го подобриле впечатокот од Инстаграм, и коишто ќе Ви го олеснат споделувањето на секој момент со луѓето кои Ви значат, соопштуваат од Инстаграм. 

 

 

 

12.09.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега