Отфрлена интерпелацијата на Димитров - денеска интерпелации за Николивски и Царовска

Собранието на Република Македонија доцна синоќа ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, побарана од пратениците од опозицијата.

Денеска интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, исто така поднесени од пратениците од опозицијата, ќе се најдат на дневен ред.

Дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство, како и Предлог- законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, исто така се на дневен ред на 13. седница.

 

 

 

12.09.2017 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега