Груевски вечерва ќе се појави на прес-конференција
Вечерва во 19 часот, претседателот на ВМРО-ДПМЕ и премиер Никола Груевски ќе се појави на прес-конференција во партиското седиште.
Се очекува да говори за вчерашниот дебакл на Комисијата за 24 декември а неизвесно е и дали ќе најави нови стратегии за надминување на кризата или предвремени парламентарни избори.
Заев денеска го обвини токму него и неговата непопустливост за неуспехот на работата на Комисијата. Тврдеше дека не можеле да се договорат како противуставно да се дефинира исфрлањето на новинарите од собраниската галерија.