Заев: Груевски прифати уставно прекршување за исфрлањето на пратениците но не и за новинарите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција обелодени детали од вчерашните неуспешни преговори за Комисијата од 24 декември.

„Направивме се за да се донесе извештајот. На ВМРО-ДПМНЕ им понудивме широк спектар на предлози. Понудивме повеќе од 20 опции за прекршување на Уставот. Владејачката партија прифати уставно прекршување за пратениците но не и за новинарите“, рече Заев пред медиумите.

Тој додаде дека извештај на Комисијата без заклучоци за уставни прекршување е формален извештај за маскирање на „црниот понеделник“.

Според него, СДСМ во целост ги исполни обврските од првомартовскиот договор и со тоа докажа дека секогаш за партијата државните интереси се над партиските.

- Вложивме максимум и направивме сé Комисијата за 24-ти декември да има успешна работа. За неуспехот на Комисијата целокупната одговорност ја презема владејачката ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Тој најави дека од понеделник пратеничката група на СДСМ се враќа во Собранието во полн состав.

најчитано сега