Тешка сообраќајка во Велес - мотоциклист прегази пешак и му ги скрши нозете

Моторциклист удри пешак на пешачкиот премин над градскиот стадион во Велес вчера околу 18 часот и 45 минути. Од силниот удар пешакот летнал во воздух.

Нему му биле скршени двете нозе но е надвор од животна опасност, јави „Дума.мк“. Од ударот не се спасил ниту моторциклистот кој педесеттина метри погоре на улицата, во правец кон бензиската пумпа, паднал на асфалтот. Ова се првични информации од очевидци на несреќата. Тешко повредениот пешак и полесно повредениот моторциклист се пренесени во велешката болница. На местото на несреќата, четврта ова лето на улицата Алексо Демниевски, увид изврши полициска екипа.

24.08.2013 - 11:24

најчитано сега