Од што почина двегодишното девојче од Охрид?

И по девет дена од трагичниот настан, се уште не е познато која е причината за смртта на две ипол годишната Анастасија која почина во болницата во Охрид.  Охридското обвинителство се уште го чека извештајот од обдукцијата по што треба да одлучи дали ќе има обвинителен акт против медицинскиот персонал кој бил дежурен ноќта, пренесе Сител.

- Во надлежното Основно јавно обвинителство Охрид не е пристигнат обдуктивниот протокол од починатото дете. Обвинителството има отворено предмет и во негови рамки се преземаат дејствија за расветлување на причинско последичната врска за настанатата смрт.

И додека надлежните истражуваат што се случило на 27-ми август во охридската болница, Сител неофицијално дознава дека најверојатно има пропуст во медицинскиот третман бидејќи на девојчето не му била направена ниту основна крвна слика која покажува дали има вирусно или бактериско заболување. Според официјалните податоци од болницата, дежурните лекари на малата Анастасија првично и констатирале вироза и по дадеената терапија состојбата и била подобренња и ја пуштиле дома. По неколку часа девојчењто било повторно донесено во болницата без срцева акција во бесознание и со проширени зеници. Ја реанимирале повеќе од еден час но без успех.

Министерот Таравари најави дека ќе бара одговорност доколку е направена лекарска грешка. 

 

 

 

 

04.09.2017 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега