Сообраќајка на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово: Две лица итно префрлени на Ургентен

 

Вчера утрината во „Чешмиче“, село Ругинце, на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено Меган“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа од Крива Паланка, управувано од 52-годишниот И.С. од Крива Паланка и патничко возило „Тојота Рав-4“ со косовска национална ознака, управувано од 52-годишниот Ш.С. од Косово.

По незгодата, И.С. и Ш.С., како и сопатниците од патничкото возило „Рено Меган“, С.С. (46) и А.С. (19) двете од Крива Паланка, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај И.С. и С.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај А.С. биле констатирана телесни повреди.

По укажаната лекарска помош, сите тројца, поради карактерот на повредите биле упатени во Ургентен центар Скопје. Кај Ш.С. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

04.09.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега