Комисијата за 24. декември на пауза - попладево средби со Груевски и Заев?

 

Ад хок комисијата која работи на расветлување на настаните од 24. декември во моментов е на пауза, а се очекува да продолжи со работа во 18 часот, кога на тимот ќе му се приклучат и двајцата лидери на најголемите партии, Зоран Заев и Никола Груевски. Членовите на Комисијата пред да заминат на пауза не дадоа коментар за тоа дали има напредок во работата и дали ќе биде запазен крајниот рок кој го договорија Груевски и Заев, кој истекува денеска.

Засега сите опции се во игра. Давитковски е оптимист а Груевски и Шекеринска вчера не пропуштија да си упатат меѓусебни обвинувања за состојбата во која се наоѓаат преговорите за решение.

 

 

23.08.2013 - 14:59
Фото: 
нова македонија

најчитано сега