Залутан куршум заврши во глава на скопјанка

Вчера околу 17 часотм во скопското село Сингелиќ, засега непознат сторител испукал повеќе куршуми од огнено оружје, при што еден од куршумите погодил и пробил лимена покривна табла од настрешницата на куќата на 30 годишната И.А. и ја удрил 39 годишната скопјанка А.Н. во пределот на главата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а пронајдениот проектил бил предаден за вештачење. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.

 

23.08.2013 - 14:16

најчитано сега