Прилепско: Ја избркал девојка му од работа - му го полил автомобилот со бензин и му го запалил
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против З.К. (28) од с.Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Ноќта помеѓу 13 и 14 август пријавениот со запалива течност го полил и го запалил возилото марка форд скорпион, сопственост на Г.Р.
Оштетениот претходниот ден и дал отказ на девојката на пријавениот, која што работела во неговата кафеана како келнерка, соопшти полицијата.
30.08.2017 - 14:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа