Кумановец силувал 88 годишна старица
Кумановец силувал 88 годишна старица во кумановско Старо Нагоричане. Како што соопшти МВР вчера наутро во полициската станица во Куманово, 59 годишен маж пријавил дека претходниот ден, 4 непознати лица влегле во куќата на 88 годишната жена од село Никуљане, инаку сопруга на неговата мајка, по што едно лице, во два наврати ја силувало старицата.
Полицијата излегла на терен и ги привела осомничените, а на А.З. од Куманово по консултација со Јавен обвинител ќе му биде поднесена кривична пријава за силување.
30.08.2017 - 14:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа