Морето може да го проголта брегот на Неретва

Хрватски експерти предурпедуваат дека подигнувањето на нивото на морето поради глобалното загревање би можело да загрози пониски  места како брегот на Неретва.

– Морето би можело да продре во долината, а со тоа и солта, па така би можело да се уништи земјоделието, смета Мирко Орлиќ, професор од Геофизичкиот завод на ПМФ во Загреб.

Тој додава дека според најлоши сценарија, заради подигнувањето на нивото на водата некои пониски места во Хрватска би можеле да бидат поплавени. Орлиќ вели дека веќе сега се случуваат поплави кога во исто време има плима, бури, дожд.

– Тогаш морето продира во Венеција, а неодамна беше регистрирано и до Трогир. Такви епизоди би биле во тој случај почести и подраматични, вели Орлиќ. 

23.08.2013 - 11:15