Полјаците навалиле на пиење

 

Потрошувачката на алкохол во Полска од 2000 до 2011 година е зголемена за една третина, покажува извештајот на Институтот за земјоделска економија и прехрана.

Во 2000 година просечната конзумација на алкохол по глава на жител во Полска изнесува 7,12 литри чист алкохол, а на почетокот на оваа деценија тоа е зголемено на 9,25 литри, односно за 30 проценти.

Доколку се земе во предвид и црниот пазар потрошувачката според Институтот би достигнала 9,7 литри, што е раст од 36 отсто.

Во Полска најмногу се пие пиво, кое во вкупната потрошувачка на алкохол учествува со 56 отсто. Жестоките пијалоци имаат удел од 36 проценти, а виното осум отсто. Минатата година прометот на полскиот пазар на алкохолни пијалоци е зголемен на 28,3 милијарди злоти, односно 6,7 милијарди евра.

Растот на побарувачката резултира и со зголемување на производството на пиво за 58 отсто, а на жестоки пијалоци за 56 проценти.

23.08.2013 - 11:01

најчитано сега