Познат идентитетот на велосипедистот кој вчера загина во сообраќајка во Скопје

 

Шеесет и шест годишниот И.П. од Илинден вчера го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа која се случила на улица „2“ во населбата.

Од полицијата информираат дека сообраќајната се случила околу 9:40 часот во момент кога 27 годишниот А.Б. од скопско Цветово, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ удрил во велосипедистот И.П.

Повредениот маж со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде околу 18:30 часот починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

30.08.2017 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега