Претепан полицаец во полициската станица во Бит Пазар

 

Дваесетгодишниот Д.Н. кој бил задржан во полициската станица Бит Пазар во Скопје, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаници во пределет на стомакот и главата.

Министерството за внатрешни работи информира дека тој потоа посегнал и по неговото службено оружје. Во тој момент другиот полициски службеник се обидел да го оттргне Д.Н. при што со двете раце го турнал наназад по што полицискиот службеник паднал и со главата удрил во ѕидот.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

29.08.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега