Полицијата со најнови детали за сообраќајката на автопатот Скопје-Велес
Во 16 часот на Автопатот Велес-Скопје, на мостот кај селото Дурутовец се случила сообраќајна незгода во која 31-годишниот Е.З.од Ресен, управувајќи патничко моторно возило„Рено-Флуенсе“ со ресенски регистерски таблици изгубил контрола над истото, излетал надвор од коловозот и возилото се превртело на кровот.
По незгодата, возачот и тројцата сопатници со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата Болница во Велес- каде од страна на лекар кај возачот Е.З. и сопатникот А.А. (46), биле констатирани тешки телесни повреди.
Кај сопатниците, 52-годишниот Ф.Г. и 38-годишниот Е.И. биле констатирани телесни повреди и истите биле задржани за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа