Излетал од патот - младо момче од Прилеп итно на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 45 минути во Прилеп на локалниот пат село Костинци-село Зрзе, кај местото викано Бојаник, 23-годишниот М.П.  од Тетово, управувајќи моторцикл „Хонда“ со тетовски регистерски таблици, изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

Во незгодата истиот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Прилеп  бил префрлен во Ургентниот Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата во Прилеп.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

29.08.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега