Изгубил контрола и влетал во столб - несреќа во Македонија, жена и дете тешко повредени

 

Триесет и четири годишна жена и шест годишно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која минатата ноќ се случила на локалниот пат кај селото Добрашинци, на место викано Шапкар.

До несреќата дошло кога 36-годишниот Е.А. со автомобил „Сеат“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот удрил во бетонски столб и се превртел на кров, при што со тешки повреди се здобила Ф.А.

34-годишната жена о фрактура на десна потколеница, крварење и отоци во главата била пренесена на Ургентниот центар во Скопје.

Со полесни повреди во несреќата поминало шест годишно девојче.

Се испитива случајот.

 

 

 

 

29.08.2017 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега