Давитковски: Ставовите на партиите се доближуваат - блиску сме!
Претседателот во оставка на ад-хок Комисијата за настаните од 24 декември вели дека сеуште нема договор но дека ставовите се доближуваат, пренесува порталот Maxim.
„Блиску сме. Со средбите продолжуваме околу пладне“, вели Давитковски за Maxim.
Според неофицијалните информации до кои стигнал Maxim, и доцна синоќа се воделе телефонски и тет-а-тет разговори, но, договор сеуште нема.
Во својата изјава вчера Груевски рече дека неговата партија е целосно посветена на решение и ги повика СДСМ да ги остават на страна манупилациите и сплетките преку медиумите под нивна контрола. Шекеринска пак во име на СДСМ изјави дека опозициската партија веќе направила отстапки со враќањето во Собранието и учеството ан локалните избори па сега редот е на ВМРО-ДПМНЕ.