Египќаните сакаат да си обезбедат место во македонското Собрание

 

Во духот на парламентарната демократија, како и основите на мултиетничкиот карактер на државата Република Македонија, како држава на сите нејзини грагани, во иднина, согласно Уставот и позитивните прописи ке  Предлагаме на етничките заедници  на  Египканите ,Хрватите, Црногорците , да им биде загарантирано  пратеничко место во законодавниот дом. Ова, би преставувало крајно легитимно и демократско барање, со оглед на фактот, дека во Република Македонија, Согласно Уставот, не е фиксно утврден бројот на пратеници, и и истиот се движи од 120 до 140 пратеници. Позитивниот одговор по однос на ова барање, би било само чекор напред во напредок на демокраските  процеси во Р.Македонија. Во насока на поголема демократичност, транспарентност, и оставрување на непосредната демократија, корисно би било да се анализира идејата Р.Македонија да биде една изборна единица, со воведување на т.н. отворени листи, каде до израз ке дојде квалитетот на предложениот кандидат. Со прифакање на овие конструктивни предлози, само се зајакнува унитарниот карактер на државата и она што значи нејзина мултиетничка и мултикулурна карактеристика“, смета Демир Далип, овластен преставник на Египканите за надворешна соработка.

Легитимитетот за ваквата иницијатива и барање , Далип го гледа во нивното сознание дека на подрачјето на Петтата изборна единица живеат околу 20.000 Египќани, од кои над 8.000 имаат право на глас.„Никој нема легитимно право да го негира нашето постоење. На последниот попис, иако немаше посебна графа за изјаснување на Египќаните, како останати се запишаа над 3.300 граѓани од овој етникум, што ни оддалеку не е одраз на објективната стварност. Тој смета, дека само прашање на време е кога Египканите ке бидат дел од Уставната Преамбула, бидејки во тек е барање на средби со државниот врц, а се со цел, за се затвори ова прашање со Македонските Египкани.

(Интегрален текст од соопштение на НВО Коалиција на Египќаните)

23.08.2013 - 09:58
Фото: 
webohrid.com

најчитано сега