Гореа муслиманските гробишта во Делчево - полиција откри што се случило

 

Во 17 часот и 50 минути во Полицијата во Делчево, 29-годишниот Ш.М. пријавил дека во населбата Стар расадник-Делчево, на муслиманските гробишта, избувнал пожар.

Во 19 часот и 45 минути од страна на екипа од Територијална противпожарна единица-Делчево, во содејство со месното население, пожарот бил изгаснат. Од пожарот биле изгорени околу 5-6 декари сува трева во кругот на муслиманските гробишта. По извршените проверки, полициските службеници дошле до сознанија дека пожарот бил предизвикан од Ш.М.

Во 18 часот и 45 минути поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „предизвикување општа опасност“ истиот бил лишен од слобода. Со него бил извршен разговор, во кој изјавил дека при обид да ги исчисти гробните места на своите роднини, запалил сува трева, по што огнот се проширил.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.08.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега