Трагедија во Македонија: Си го пронашол седуммесечното бебенце починато

 

Трагедија ја потресе Македонија, во 10 часот и 20 минути во Полицијата-Струга било пријавено дека истиот ден во 09 часот и 30 минути во Струга, во семејниот дом М.К. ја пронашол, без знаци на живот својата седуммесечна ќерка.

Истиот се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната Здравствена Установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт.

Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.

 

 

 

28.08.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега