Еден милион деца ја напуштиле Сирија

 

Бројот на деца принудени да ја напуштат Сирија достигна милион, цифра што е половина од сите бегалци кои заминуваат во странство заради конфликтот. Други два милиона неполнолетни од Сирија остануваат во татковината и често се напаѓани или врбувани за борци со што прекршуваат меѓународни закони, изјавија Антониу Гутериш, шеф на УНХЦР и Ентони Лејк, директор на УНИЦЕФ.

Според Гутериш, младите во Сирија ги губат домовите, роднините и иднината.

– Дури и да се вон граница, тие се трауматизирани, потиснати и имаат потреба за помош за да не ја загубат надежта, вели тој во изјава.

Речиси два милиона сириски бегалци од Сирија се во Турција, Либан, Ирак, Јордан и Северна Африка според УНХЦР.

Според Лејк, во судирите во Сирија досега жртви се околу 7.000 деца од вкупно 100.000 жрттви.

– Милион деца бегалци не е само бројка. Сите ртеба да се засрамиме бидејќи додека работиме, за да ги намалиме страдањата на погодените од кризата, меѓународната заедница искажува немоќ со одговорноста за тие деца, изјави Лејк.

23.08.2013 - 09:26

најчитано сега