Градежен работник од Скопје паднал од скеле и починал на лице место
Работникот на 55-годишна возраст од Скопје изведувал градежни работи во станбена зграда на улицата „Мирче Оровчанец“, при што паднал и починал на лице место.
Настанот се случил вчера попладне, соопшти МВР. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Инаку температурите вчера во Скопје беа повисоки од 30 степени, температури на кои во поголемиот дел од денот забрането е да се работи на отворено.
27.08.2017 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа