Се отвора технолошко-индустриската развојна зона „Штип”

Денеска се отвора технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) „Штип” која се простира на вкупна површина од 208 хектари.

ТИРЗ „Штип“ се наоѓа северо-западно од градот, на влезот од правец на Скопје, веднаш до индустриската зона на Штип. Има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6.

На 2,5 километри од зоната се наоѓа железничката станица Штип, најблискиот меѓународен аеродром е „Александар Велики“, на 75 километри од локацијата, додека најблиското пристаниште е солунското, на 225 километри.

Според Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, освен ТИРЗ во Скопје (1 и 2), Штип и Тетово, планирани се технолошки индустриски развојни и во Прилеп, Гевгелија, Кичево, Струмица, Ранковце, Струга и Радовиш.

23.08.2013 - 08:45
Фото: 
денешен

најчитано сега