Амбасадорот Кристофер Ивон ќе ги обучува глобалните лидери

Денеска со почеток во 19 часот, во просториите на Прв приватен универзитет ФОН во Скопје, свечено ќе се доделуваат дипломите на летната школа „Институт за подготовка на глобални лидери“, на која ќе одржи предавање Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска,  Кристофер Ивон. 

Шеесет млади лидери од 30 различни земји на летната школа “Институт за подготовка на глобални лидери”, се обучуваат за ефикасно и етичко глобално лидерство, организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”, кој освен во Струга, се одржува и во Скопје, до 24 август годинава.

 

23.08.2013 - 08:33
Фото: 
е-вести

најчитано сега