Српски Телеграф: Познатата писателка, пијана предизвикала сообраќајка- еве што кажа таа
Писателката наводно возела сузуки и возела со брзина над дозволената кога удрила во автомобилот со кој управувал В.Т. од Бешка.
Инцидентот се случил на 21-ви август околу 13 часот во улицата Браќа Поповиќ во Нови Сад. Соговорник од српски Телеграф тврди дека писателката возела со поголема брзина од дозволената и изненадно удрила во автомобилот на В.Т. и му причинила материјална штета од околу 100.000 динари. Исто така се вели дека Јелена е приведена на трезнење откако била тестирана и е утврдено дека наводно имала 1,79 промили алкохол во крвта.
Доколку возачот има од 1,61 до 2 промила алкохол во крвта тоа се смета за тешко пијанство, а доколку во таква состојба предизвика сообраќајна несреќа предвидена е парична казна, 15 казнени поени и забрана за управување со возилото од година дена, наведува изворот.
Од друга страна, Јелена демантира дека имала сообраќајна несреќа и тврди дека тоа е тотална измислица
- Не, тоа не е точно. Господе Боже што се нема да измислат луѓето. Тренирав, бев до град да го направам тоа што требаше, како што се уплати за факултет, училиште и слично. Жива сум, здрава, се е во ред и тоа не е точно. Тоа се обични лаги и на тој што тоа го рекол, дај Боже да му се врати! Немаше никаков судар,не знам кој измислил такво нешто - порача Јелена Бачиќ Алимпиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа