Колев: Во изминатиов период најмногу проекти реализиравме од областа на инфраструктурата во општина Босилово
Општина Босилово како рурална општина, најмногу потреба има од развој на инфраструктурата. Во изминатиов период најмногу напори вложивме и најмногу проекти реализиравме од областа на изградба на локални улици и локални патишта, истакна денес во својот отчет градоначалникот на Општина Босилово Љупчо Колев.
-Во изминатив период изградивме вкупно 29 улици со вкупна должина од 5.148 метри. Изградивме и неколку локални патишта во вкупна должина од 7.304 метри што се проекти кои досега во толкав обем не беа реализирани. Изградивме и мост на Моноспитовски канал, мост на реката Турија, мост меѓу населените места Радово и Старо Балдовци, вели Колев.
Градоначалникот истакнува дека вложувано било и во изградба на водоводи, а реконтруиран бил и Домот на културата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа