Трпковски: Работевме заедно во дослух со жителите, реализирани 115 проекти во општина Сопиште

 

Во изборната програма во 2013 година ветивме 78 проекти, работевме заедно во дослух со жителите, се состанувавме во месните заедници, црпевме идеи за нашата работа, со помош на советот и администрацијата реализиравме 115 проекти, истакна денес градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски кој даде отчет за сработеното во изминатите 4 години.

Во изминативе четири години во општина Сопиште беа реализирани следните проекти:

  1. Набавена е машина првенствено за зимско одржување и одржување на инфраструктурата.
  2. Започна со изградба регионалниот пат о. Сопиште- о. Центар во должина од 3.5км
  3. Набавено е помало возило со капацитет од 8m3 за собирање на смет за потребите на ЈКП Сопиште
  4. Асфалтиран е патот кон манастирот Св. Илија во Ракотинци
  5. Извршена е реконструкција на локалниот пат кон Патишка Река во должина од 1км
  6. Асфалтирани се ул. 33 и ул. 22 во Сопиште
  7. Асфалтирана е ул. 2 во Долно Соње
  8. Асфалтиран е крак од ул. 1 во Чифлик
  9. Набавена е опрема за одржување на зелени површини (косилки моторни пили и сл.) и набавени се 300 нови канти за смет во функција на ЈКП Сопиште
  10. Проширени се патните правци Сопиште- Долно Соње, Долно Соње-Чифлик како и патните правци кон Патишка Река и Држилово.
  11. Променет е примарниот водоводен цевовод од Ракотинци кон Добри Дол
  12. Населеното место Барово за прв пат доби локален водовод
  13. Изградено е игралиште за мал фудбал во Чифлик
  14. Во изминатиот период расчистувавме диви депонии и спречувавме создавање на нови депонии со опремени комунални редари.
  15. По барање на родителите организираме посебен превоз за учениците до централното основно училиште.
  16. Помагаме во отварањето на сместувачки капацитети
  17. Пробивавме земјоделски патишта
  18. Го подобривме сервисот на уличното осветлување
  19. Поставена е пешачка патека од црквата Св. Мино до општинската зграда во должина од 800м
  20. За 100 % го зголемивме водниот фонд на локалниот водовод во Долно Соње со зафаќање на нови извори.
  21. Асфалтирани се 500m од ул. 1 во Добри Дол.
  22. За прв пат поврзани се Долно Соње и Горно Соње со асфалтен пат
  23. Асфалтирана е ул. 2 во Горно Соње
  24. Асфалтирана е ул. 5 во Чифлик
  25. Асфалтирани се крак од ул.2 и ул.7 во Ракотинци
  26. Изградено е повеќенаменско игралиште во Св. Петка
  27. Локалниот водовод во Чифлик доби нови зафати на изворите.
  28. Извршена е реконструкција на постоечката и поставена е нова урбана опрема
  29. Изградено е повеќенаменско игралиште во Добри Дол
  30. Асфалтирани се ул. 15 и ул. 12 во населено место Сопиште
  31. Асфалтирана е ул.5 во Добри Дол
  32. Изградена е пешачка патека во Ракотинци во должина од 1.5 км
  33. Започнавме со уредување и оградување на дворот на централното општинско училиште
  34. Санирана е спортската сала во централното училиште
  35. За потребите на ЈКП Сопиште набавено е товарно возило
  36. Изграден е премин преку Патишка река
  37. Сопиште доби тениско игралиште
  38. Помагаме во изградба на црква во Сопиште и црква во Долно Соње
  39. Одржуваме и спонзорираме спортски настани во мал фудбал, пеливански средби, турнир во шах, ревиално џип рели.
  40. Помагаме на ловечкото друштво Еребица-2015 во заштитата и одгледување на дивечот.
  41. Изградивме резервоари за вода во с. Јаболци
  42. Сопиште доби нова примарна канализациона мрежа
  43. Саниран е локалниот пат кон с. Јаболци
  44. Изградена е канализација на ул. 29 Сопиште
  45. Асфалтиран е локалниот пат кон населено место Држилово во должина од 3км
  46. Асфалтиран е локалниот пат кој ги поврзува населените места Долно Соње, Чифлик, Барово и Св. Петка во должина од 4км
  47. Асфалтирана е ул. 29 Сопиште
  48. Асфалтирана е ул. 6 во Горно Соње
  49. Асфалтирана е ул. 10 во Долно Соње
  50. Асфалтиран е крак од улица 10 во Сопиште
  51. Асфалтирана е ул. 24 во Сопиште
  52. Направени се нови зафати на изворите и промена на цевководот до резервоарот на локалниот водовод во Света Петка
  53. Асфалтирани се улиците 2 и 6 во Добри Дол
  54. Асфалтирана е ул. 7 во Сопиште
  55. Во Сопиште се изгради повеќенаменско игралиште
  56. Се санираа мостовите во Долно Соње
  57. асфалтирна ул. 12 во Долно Соње
  58. асфалтирна ул. 11 во Горно Соње
  59. Асфалтирани се две фази од  регионалниот пат од Говрлево до Кисела Вода
  60. Асфалтиран крак од ул. 1 Ракотинци
  61. Асфалтиран крак од ул. 22 Сопиште
  62. Во соработка со Скопски плански регион и о. Кисела Вода проширени се 2/3 од патот Сопиште Кисела Вода преку Теферич

Во моментов во изведба се:

  1. Пешачка патека во Долно Соње во должина од 1000 м
  2. Спортско игралиште во Ракотинци
  3. Примарен цевовод од водоводниот систем Патишка Река
  4. Објавен е оглас за изградба на детска градинка во населено место Сопиште

Градоначалникот вели дека со овој отчет делумно се презентирани проектите кои ги реализирале во изминатиот период од четири години.

 

 

 

 

24.08.2017 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега