Влегле да ограбат па откако не пронашле ништо, го запалиле станот во Штип
Во врска со настанот за „пожар“ во стан во Штип,кој се случи вчера, од страна на увидна екипа од СВР-Штип бил извршен увид, при што било констатирано дека во текот на ноќта, непознати сторители со употреба на сила и подесен алат делувале на балконската врата, влегле внатре во станот, извршиле пребарување и најверојатно бидејќи не пронашле и одзеле предмети, со помош на хартија и запалка ги запалиле креветите во детската и спалната просторија, по што настанал пожар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
23.08.2017 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа