Познат идентитетот на двајцата загинати кај Штип

 

Во 06 часот и 35 минути на магистралниот пат Штип-Радовиш, на излез од селото Лакавица, се случила сообраќајна незгода во која 41-годипниот С.П.  од селото Талашманце-кратовско, управувајќи патничко возило „Волксваген Шаран“ со струмички регистерски ознаки излетал од патот и се превртел. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопатниците Л.И. (55) и С.И. (50), двајцата од селото Радибуш-Крива Паланка.

Додека сопатникот М.Д. (55) од селото Отошница-Општина Ранковце, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот Центар-Скопје. Возачот на возилото, се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во Клиничка Болница-Штип.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа од СВР-Штип. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.

 

 

 

22.08.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега