Вучиќ: Персоналот од Амбасадата повлечен поради разузнавачко дејствување против Србија

  Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено офанзивно дејствување против Србија и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.

- Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија, изјави Вучиќ пред новинарите, пренесува државната телевизија РТС.

- Наше е нашите луѓе да бидат подготвени. Ќе има некои промени во нашиот персонал, потенцира Вучиќ.

Тој порача дека без разлика на се Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија. 

- За седум до десет дена работите ќе бидат појасни, потенцираше Вучиќ, додавајќи дека имало многу шпекулации.

- Нашите интереси ќе ги заштитиме и ќе градиме добри односи со Скопје, истакна шефот на српската држава на прашањето дали кризата во односите има врска со членството на Косово во УНЕСКО.

- Како да ви кажам...Тие односи ќе мораат да бидат засновани на взаемно почитување. Дали Албанците ќе го стават Косово на дневен ред на собранието на УНЕСКО...Наша работа е да ги заштитиме интересите на Србија, а при тоа да не ги нарушиме интересите на другите земји, истакна Вучиќ.

како што пренесува Танјуг, Вучиќ дополни дека има мешање и на некои други сили, но не именуваше за кого се работи. 

 

 

 

21.08.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега