Трајановски со отчет: Плод на мојата транспарентна и посветена работа се стотиците проекти во сите општини кои го подобрија животот на граѓаните

Во изминативе 4 години, Град Скопје работеше активно за подобрување на условите на граѓаните. Плод на тоа се стотиците реализирани проекти во сите 10 скопски општини.

-Во изминативе 4 години, како и во претходните 4 од првиот мандат работев транспарентно, напорно и посветено, а плод на тоа се стотици реализирани проекти во Скопје во различни области кои го подобрија живеењето на граѓаните. Скопје од година во година станува поубав град и подобро место за живеење, истакна градоначалникот Коце Трајановски на денешната прес-конференција во која даде отчет за сработеното.

Трајановски потенцираше дека дека се проширија тесните улици, се изградија кружни текови, се направија велосипедски патеки, се подобри јавниот превоз, се изгради водоводна, фекална и атмосферска канализација, се реализираа културни манифестации… односно се направија проекти во сите 10 општини во Град Скопје, без исклучок.

Исто така, меѓу многуте проекти е и реконструкцијата на 21 средно училиште, како и градбата на 2 нови училишта на територија на Скопје, кои се комплетно финансирани од Градот.

 

 

 

 

21.08.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега