Деветгодишно детенце остана без рака по автобуската несреќа во Велес - почина жена
Жена почина, детенце остана без рака, многумина се повредени и пренесени во болница. Ова е епилогот од сообраќајната несреќа која денеска попладне се случи кај Велес, кога автобус со грчка регистрација се враќал од Грција.
Како што информира Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники за Сакамдакажам, донесени биле 14 пациенти, меѓу кои и дете на возраст од девет години, кое за жал ја загубило раката.
- “Детето е препратено на Клиниката за детска хирургија. Двајца пациенти беа примени на одделот за Интензивна нега, за жал еден од нив подлегна на повредите. Тоа е жената која прва беше донесена, со повреди на натколеница, потколеница и подлактица и со повреди на белиоте дробови. Вториот пациент исто така е во критична состојба, со сериозни повреди на градниот кош, нагмечување на ребрата, клучна коска, и крварење во белите дробови“, вели д-р Хасани.
Инаку, на деветгодишното детенце за жал му е ампутирана раката. Двајца пациенти се на неврохирургија.
За потсетување, автобусот излета околу 19 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа