Тешко повреден моторциклист во Куманово, итно пренесен на скопските клиники

Вчера во 15.00 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 35- годишниот  С.П од Куманово и патничко возило „Шевролет Калос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 53- годишниот Т.С од Куманово. 

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Ургентен центар Куманово, од каде по укажаната лекарска помош, бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

17.08.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега